Моменталниот
стадион на Милан е Сан Сиро кој има 80,018 седишта, официјално познат како Стадион
Џузепе Меаца именуван по поранешниот играч на Милан и на Интер. Името Сан Сиро е земено од областа во која се наоѓа. Милан го
дели стадионот со Интер, другиот голем фудбалски клуб во Милано. Стадионот е добро познат по неговата фантастична
атмосфера поради близината на местата за фановите до игралиштето.
сериозно работи за да се пресели од Сан Сиро. Тој изјави дека новиот стадион на Милан ќе биде
направен според Велтинс Арената и ќе ги следи критериумите за фудбалските
стадиони во САД, Германија и Шпанија. Ќе биде стадион наменет само за фудбалски
потреби
(без атлетска патека). Новиот стадион би требало да се именува според
спонзорот. Останува да се види дали овој план ќе се оствари или е само трик за
да се натера сопственикот (Општината Милано) да го продаде стадионот на Милан
за номинална вредност за да продолжат со големи реновирања. Исто така на
површина излегоа гласини дека Интер има намера да изгради нов стадион што би влијаело
на ова решение.
No comments:
Post a Comment