Tuesday, December 17, 2013

Историја

Клубот бил основан во 1899 година од страна на британските доселеници Херберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанскиот шампионат во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула се до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот куп истата година. По пензионирањето на Џиани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за прв пат во историјата. Скандалот беше базиран на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија шампионатот 1981-82 во зоната за испаѓање.

Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клубската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.
Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на утакмици. Милан беа казнети со одземање на 15 поени и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 поени и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата.

                                                                           

No comments:

Post a Comment