ФК
Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или
само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од Англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани, и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан
има освоено вкупно 18 признати
официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено
седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати). Што се
однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 18
титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27). Милан има освоено четири
светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство еднаш.
Меѓу
другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот
на победниците два пати;
како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е
единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил
Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто
така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет
најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.
Милан
своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е
најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.
No comments:
Post a Comment