Tuesday, December 17, 2013

Навивачи и ривали


Милан е еден од тимовите со најмногу навивачи во Италија, според истражувањето направено во август 2007 од италијанскиот весник La Repubblica. Историски гледано, Милан бил поддржуван од работничката класа во градот и од синдикатот, дел од кој биле мигранти од јужна Италија. Од друга страна, градскиот ривал Интер главно бил поддржан од попроспективни граѓани на Милано кои и припаѓале на средната класа. Една од најстарите ултрас групи во италијанскиот фудбал, Fossa dei Leoni, произлегла од Милан. Политички, ултрасите на Милан никогаш не биле склони кон ниедна поединечна партија, но медиумите традиционално ги поврзуваle со левицата, се до скоро кога дојдоа под претседателство на Берлускони и се сметаат за десничари.

Навивачитее на Џенова го сметаат Милан за омразен ривал откако навивачот на Џенова Винченцо Шпањоло бил трагично избоден до смрт од навивач на Милан во јануари 1995. Сепак главниот ривал на Милан е градскиот сосед Интер; двата клуба се среќаваат во многу очекуваното градско дерби Derby della Madonnina два пати годишно во серија А. Името на дербито асоцира на Дева Марија, чија статуа се наоѓа на врвот на Миланската катедрала и е една од основните градски атракции. Мечевите обично создаваат голема атмосфера, со големо број на (претежно хумористични или навредливи) транспаренти кои се отвараат пред мечот. Бакљите се обично присутни, но тие исто така доведоа и до прекин на натпреварот на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Милан и Интер на 12 април 2005, кога една бакља ко погоди Дида во неговоро рамо.

Трофеи

Милан е еден од најуспешните клубови во Италија, освојувајќи вкупно 29 трофеи, и со најмногу освоени интерконтинентални титули заедно со Бока Јуниорс[18] со рекордни 14 европски трофеи и 4 светски титули. Милан заработи право да носи ѕвезда на својот дрес што го претставува фактот што имаат освоено повеќе од 10 скудета. Исто така на Милан им е дозволено да носат УЕФА Значка на честа на нивните дресови за време на мечевите од Лигата на шампионите, бидејќи имаат освоено повеќе од 5 Европски купа.[19]

Национални титули

Серија А / Италијанско фудбалско првенство:
·         Победници (18): 1901; 1906; 1907; 1950-51; 1954-55; 1956-57; 1958-59; 1961-62; 1967-68; 1978-79; 1987-88; 1991-92; 1992-93; 1993-94; 1995-96; 1998-99; 2003-04; 2010-11
·         II место (14): 1902; 1947–48; 1949–50; 1951–52, 1955–56, 1960–61; 1964–65; 1968–69; 1970–71; 1971–72; 1972–73; 1989–90; 1990–91; 2004–05
Серија Б:
·         Победници (2): 1980–81; 1982–83
Копа Италија:
·         Победници (5): 1966–67; 1971–72; 1972–73; 1976–77; 2002-03
·         II место (7): 1941–42; 1967–68; 1970–71; 1974–75; 1984–85; 1989–90; 1997–98
Супер Куп Италија:
·         Победници (5): 1988; 1992; 1993; 1994; 2004
·         II место (3): 1996; 1999; 2003

Европски титули

Лига на шампиони (поранешен Европски куп):
·         Победници (7): 1962-63; 1968-69; 1988-89; 1989-90; 1993-94; 2002-03; 2006-07
·         II место (4): 1957–58; 1992–93; 1994–95; 2004–05
УЕФА Супер Куп:
·         Победници (5): 1989; 1990; 1994; 2003; 2007
·         II место (2): 1973; 1993
·         Победници (2): 1967–68; 1972–73

·         II место (1): 1973–74

Стадион


Моменталниот стадион на Милан е Сан Сиро кој има 80,018 седишта, официјално познат како Стадион Џузепе Меаца именуван по поранешниот играч на Милан и на Интер. Името Сан Сиро е земено од областа во која се наоѓа. Милан го дели стадионот со Интер, другиот голем фудбалски клуб во Милано. Стадионот е добро познат по неговата фантастична атмосфера поради близината на местата за фановите до игралиштето.
На 19 декември 2005, потпретседателот на Милан Адријано Галијани изјави дека тимот


сериозно работи за да се пресели од Сан Сиро. Тој изјави дека новиот стадион на Милан ќе биде направен според Велтинс Арената и ќе ги следи критериумите за фудбалските стадиони во САД, Германија и Шпанија. Ќе биде стадион наменет само за фудбалски
потреби (без атлетска патека). Новиот стадион би требало да се именува според спонзорот. Останува да се види дали овој план ќе се оствари или е само трик за да се натера сопственикот (Општината Милано) да го продаде стадионот на Милан за номинална вредност за да продолжат со големи реновирања. Исто така на површина излегоа гласини дека Интер има намера да изгради нов стадион што би влијаело на ова решение.

Бои и амблем

Низ целата историја на клубот, тие беа репрезентирани од боите црвена и црна. Боите беа избрани за да ја покажат огнената жар на играчите (црвена) и стравот на противниците да го предизвикаат тимот (црната). Поради црвено-црните дресови тие го добија прекарот росонери. Белите шорцеви и црните чорапи исто така беа дел од домашниот дрес.
Гостинскиот дрес на Милан бил отсекогаш целосно бел. Подоцна е сметан заедно од фановите и од клубот како нивни среќен дрес во финалињата од Лигата на шампионите, поради фактот што Милан победил во шест финалиња од осум во кои го носеле белиот дрес (загубиле само од Ајакс во 1995 и Ливерпул во 2005, додека победиле само еднаш од три пати во домашниот дрес. Третиот дрес се менува секоја година и е црн со црвени декорации во зависност од тековната сезона, но е ретко користен.
Многу години, амблемот на Милан беше само тој од знамето на Милано; што е оригинално знамето на Свети Амброзе. Друг прекар што доаѓа од боите на клубот е „Ѓаволот“. Слика од црвен ѓавол била искористена како лого на Милан едно време со златна ѕвезда за спортска одличност; ѕвездата е дадена на клубот кога тие освоија 10 лигашки титули. Моментално, значката ја претставуваат боите на клубот и знамето на Општината Милано, со кратенката ACM на врвот и годината на основање (1899) на дното.


Историја

Клубот бил основан во 1899 година од страна на британските доселеници Херберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанскиот шампионат во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула се до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот куп истата година. По пензионирањето на Џиани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за прв пат во историјата. Скандалот беше базиран на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија шампионатот 1981-82 во зоната за испаѓање.

Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клубската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.
Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на утакмици. Милан беа казнети со одземање на 15 поени и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 поени и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата.

                                                                           

Вовед



ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од Англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани, и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан има освоено вкупно 18 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати). Што се однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 18 титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27). Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство еднаш.

Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците два пати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.

Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.